Поврзете се со нас

Македонија

Михаилов посакува трета среќа во Купот: Во финале обично нема фаворити, но Македонија има блага предност

Објавено

на

Завеса на фудбалската сезона во Македонија ќе биде спуштена со големото финале во Купот, во кое утре силите ќе ги одмерат екипите на Силекс и Македонија Ѓорче Петров.

Тимот од Кратово како освојувач на трофејот од минатата сезона и како повратник во елитното друштво ќе влезе во битката за Купот, а противник ќе му биде составот кој одигра можеби и најатрактивен фудбал во вториот дел од сезоната во Првата македонска лига.

За разлика од лани, Силекс сега има предводник во Горазд Михаилов, кој пак се надева дека ќе стигне до втора Куп титула во своето третото финале.

– Силекс испадна од Прва лига минатата сезона, но го освои Купот. Ние сме бранители на титулата и сме единствениот второлигаш во историјата кој во финале ќе го брани трофејот. Благодарение на нашата игра, обезбедивме брзо враќање во Прва лига и тоа беше нашиот приоритет.  Кој и да игра утре од играчите верувам дека ќе го даде максимумот. Ќе дадеме се од себе. На вакви натпревари нема фаворити, но сепак Македонија како прволигаш ќе има блага предност. За мене ова е трето финале, едно добив и едно загубив, па зошто утре да не биде трета среќа за мене, – рече Михаилов на денешната прес конференција.

Тој исто како и тренерот на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами, потврди се подготвени за секакво сценарио, вклучувајќи и изведување на пенали.

– Во мојата глава знам како ќе се одвива натпреварот. Искуството во вакви натпревари е важно, може да направи разлика и се надевам дека утре ние бидеме тие што ќе славиме.

Финалето е закажано за утре на националната арена „Тодор Проески“, а почетокот на натпреварот е предвиден за 18:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни