Поврзете се со нас

Македонија

Михаилов назначен за нов предводник на Беса

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Горазд Михаилов е назначен за нов шеф на стручниот штаб на македонскиот прволигаш Беса 1976, информираше клубот од Добридол.

Откако екпресно се раздели со Бобан Бабунски, дебитантот во првата македонска лига стапил во контакт со Михаилов, разговори кои вродиле со плод и токму денеска искусниот стратег беше потврден како нов предводник на составот пред кого е жестока борба за опстанок во најсилната домашна фудбалска конкуренција.

Инаку Беса ќе биде трет прволигашки клуб за Горазд во тековнава сезона која ја започна во Вардар, потоа ја водеше АП Брера Струмица за да сега дојде и овој предизвик.

Во Беса се враќа и Златко Ристов како асистент, а во стручниот штаб ќе бидат уште Бурим Садики, Иван Тиосављевиќ и Енвер Рамадани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни