Македонија
Михаилов е нов предводник на Брера

Раководството на македонскиот прволигаш Брера експресно пронајде замена за Бојан Круљ и денеска го промовираше Горазд Михаилов за свој нов тренер.
Слабата резултатска серија донесе разделба со српскиот стручњак, а Михаилов е тој кој ќе ја преземе струмичката екипа и ќе се обиде да ги оствари клупските амбиции.
Михаилов до неодамна беше тренер на Вардар, екипа со која минатата сезона обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига, а сезонава ја напушти по две кола.
Брера го потврди Михаилов со официјално соопштение.
– Горазд Михаилов денеска го превзеде тимот. Со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев. Михаилов беше тренер на скопски Вардар каде во средината на август по победата над Пелистер си поднесе оставка.
Во стручниот штаб на Михаилов помошници ќе му бидат Тане Темелков и Тони Атанасов кој од младинскиот погон се префрлува во сениорите, кондиционен останува Дарко Коцев а со голманите Ѓорѓе Шопов.
– Михаилов е добро познат на македонската фудбалска јавност и како играч и како тренер. Во својата кариера ги има водено и екипите на Силекс, Борец од Велес, Тетекс, Напредок, Пелистер и Охрид, а извесен период беше и во Приједор во Босна и Херцеговина, – стои во клупското соопштение.
Брера во првото коло го победи токму Вардар, тогаш предводен од Михаилов, но во следните три рунди забележа исто толку порази и се наоѓа на дното на табелата во друштво на црвено-црните од Скопје.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Шпанија16 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)