Поврзете се со нас

НБА

Мидлтон и Јанис најдоа одговор за Дурент, Милвоки се избори за „мајсторка“ против Бруклин (Видео)

Објавено

на

Милвоки се избори за „мајсторка“ во серијата против Бруклин, што значи дека последниот седми натпревар ќе ни даде одговор за тоа кој ќе патува во конференциското финале.

Во отсуство на повредениот Кајри Ирвинг и недоволно залечениот Џејмс Харден, повеќе од јасно е дека главна опасност за Бакси е Кевин Дурент, но ова утро најголемата ѕвезда на Бруклин доби моќен одговор од двајца играчи на домашниот тим.

Крис Мидлтон имаше партија за паметење и го имаше убедливо најдоброто издание во еден плејоф меч, бидејќи зад своето име запиша 38 поени, 10 скокови, 5 асистенции, украде пет топки на противникот и погоди пет тројки.

Покрај Мидлтон, исклучително добар во офанзивен план беше и Гркот Јанис Адетокумбо кој мечот го заврши со 30 поени и 17 скокови, па овие двајца играчи успеаја да го неутрализираат Дурент кој имаше 32 поени и 11 скокови.

Милвоки победи со убедливи 104:89, па сега „мајсторката“ се игра во Бруклин и останува да видиме дали главниот фаворит за титулата во НБА лигата ќе остане во игра за шампионскиот прстен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни