Поврзете се со нас

НБА

Мидлтон и Холидеј донесоа победа за Милвоки, Феникс „меле“ се пред себе (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Милвоки Бакс и без услугите на првата ѕвезда Јанис Адетокумбо се избори за победа над Сакраментон Кингс (133-127) во НБА лигата.

Во отсуство на Јанис поголема одговорност замеаа Мидлтон и Холидеј кои беа расположени за надигрување и заедно искомбинираа 60 поени, 11 скока и 9 асистенции. Воедно мора да се каже дека уште четворица играчи беа двоцифрени од кои најефикасен беше резервистот Дивеченцо со 20 кошеви.

На спротивната страна кај „кралевите“ за кои ова беше 30. пораз во сезонава се издвои Барнс со 29 поени.

Најдобриот тим во оваа сезона во лигата Феникс Санс пак продолжи да „меле“, а најнова жртва беше тимот на Индијана кој беше совладан со 113-103.

Клучна беше третата четвртина која домаќините ја добија со 33-20 по што се стекнаа со убедлива предност која рутински ја одбранија до крајот на натпреварот. Бриџис даде 23 поени, Пол застана на 18, ама додаде 16 асистенции, додека од клупата блескаше Бијомбо со дабл-дабл од 21 поен, 13 скокови, 5 асистенции, 1 украдена топка и 2 блокади.

На третата средба Кливленд се избори за триумф над Оклахома од 94-87.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни