Мицов остана без четвртфинале во Нови Сад

stefan micov

Македонскиот тенисер, Стефан Мицов не успеа да ја продолжи позитивната серија на резултати и загуби во второто коло на ИТФ фјучерсот во Нови Сад кој се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

Стефан по добрата игра во квалификациите и елиминацијата на осмиот носител на стартот на главната фаза не успеа да дојде до нов триумф, односно денеска беше надигран од Романецот, Нини Габриел Дица со 2-0 во сетови.

Дуелот на теренот број пет траеше точно еден час и 47 минути, период во кој Романецот беше за нијанса подобар од нашиот Мицов со 7-5 и 6-4.

Facebook Коментари