Мицов обезбеди четвртфинале во двојки на турнирот во Нови Сад

stefan micov

Македонскиот тенисер, Стефан Мицов не успеа да се пласира во главната фаза во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Нови Сад (Србија), но затоа денеска во игра на двојки дојде до четвртфиналето на истиот овој турнир.

Мицов и неговиот партнер 18-годишниот Лингхи Жао од Кина славеа над Максимилиман Гатев (Швајцарија) и Милан Крњетин (Србија) со 2-0 во сетови со 7-5 и 7-6.

Ова триумф ги донесе до борба до полуфиналето, односно за да дојдат до тоа мора да ги минат првите носители Петер Наѓ (Унгарија) и Моез Ешаргуи (Тунис).

Facebook Коментари