Поврзете се со нас

НБА

Мициќ го испрати Дурент на паркетот, Мајами ја прекина негативната серија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/hornets

Шарлот не успеа да го изненади фаворитот Феникс, но поранешниот евролигашки МВП, Василија Мициќ имаше уште еден одличен натпревар кој добро ќе го памети и Кевин Дурент.

Српскиот кошаркар со 21 поен бил најефикасен на теренот заедно со Девин Букер од редовите на Феникс, а НБА фановите го истакнуваат потегот по кој Дурент заврши на паркетот, а Мициќ успеа да реализира за Хорнетс.

Мајами го победи Детроит за крај на серијата од четири порази по ред, а најефикасен кај гостите бил Адебајо со 22 поени.

Никола Јокиќ уште еднаш издоминира на натпревар на Денвер, овојпат шампионот излезе на крај со Сан Антонио, а Вембанјама не можеше да му парира на поискусниот ривал од редовите на Нагетс. Јокиќ постигнал 31 поен, Сохан со 19 бил најефикасен кај Спарс, а Французинот реализирал два помалку на овој дуел.

Шарлот – Фeникс 96:107
Детроит – Мајами 95:108
Торонто – Орландо 103:113
Њу Орлеанс – Л.А Клиперс 112:104
Сан Антонио – Денвер 106:117
Јута – Атланта 124:122

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни