Поврзете се со нас

Шпанија

Мичел: Миовски сакаше да го шутира пеналот, но…..

Објавено

на

Foto:x.com/GironaFC

Бојан Миовски одигра одличен меч против Леганес и беше нависитна активен во нападот, а при резултат 2:2 тој беше играчот кој изнуди пенал за домашниот тим.

Македонскиот напаѓач прв стигна до топката и беше соборен од противничкиот стопер, но покрај тоа што се избори за удар од 11 метри, за жал заработи и казна.

Миовски мораше да биде заменет и неговото место на теренот го пополни Кристијан Стуани, а токму искусниот голгетер ја изведе најстрогата казна и реши постигнатиот гол да му ги посвети на Македонецот.

Повредата на Миовски допрва ќе се испитува од лекарските служби на Џирона, но по победата од 4:3, тренерот Мичел откри дека Бојан до толку бил желен да постигне гол, што и повреден сакал да го изведе пеналот.

– Миовски сакаше да го изведе ударот од 11 метри. Сакаше да го изведе пеналот, но заврши со болки во зглобот. Жалам за тоа, но јас секогаш на прво место го ставам здравјето на фудбалерот. Физиотерапевтот ми кажа дека има нанесено штета врз зглобот и не сакавме да ризикуваме. Кога го погледнав Стуани, знаев дека тој треба да го изведе пеналот, – изјави Мичел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни