Поврзете се со нас

НБА

Мичел доби супер богат договор и останува во Кливленд

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Донован Мичел и во иднина ќе биде дел од НБА составот Кливлен Кавалирс кој му понуди договор кој не можеше да го одбие.

Бекот доби 150.3 милиони долари за тригодишен договор кој вклучува играчка опција за натпреварувачката 2027-28.  Ова значи дека Мичел ќе биде заштитно лице на Кавс и во наредниот период, играч врз кој ќе се гради екипата, но тоа добро ќе го наплати со оглед на тоа што севкупно до крајот на соработката ќе заработи 185 милиони долари.

Воедно ова значи дека во 2027 година ќе добие шанса, право да потпише неверојатен договор вредн повеќе од 380 милиони долари.

Донован е петкратен ол-стар кој во досегашната кариера има нстапувано само уште за Јута Џез која го избра како 13. пик на драфтот во 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни