Поврзете се со нас

Лига на нации

Мицевски: Чест е да се биде дел од репрезентацијата, секој гори од желба да игра за својата земја

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација денеска пристигна во Кипар, поточно во Никозија каде што во среда ќе го одигра последниот натпревар од Лигата на Нации против селекцијата на Ерменија.

На оваа средба ќе настапиме без неколку клучни играчи, носители на играта на репрезентацијата, но од друга страна ова ќе биде можност за останатите да покажат што знаат, умеат и секако да помогнат да се потврди првото место во групата кое носи пласман во Б дивизијата во ова натпреварување.

Еден од новајлиите во репрезентацијата е Дарко Мицевски од Вардар кој е подготвен да помогне за да се дојде до резултатот што го посакуваме.

-Секогаш е чест да се биде дел од националната репрезентација. Ќе се обидам да ја искористам шансата. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги менувам Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја, -вели Мицевски.

Играчот на Шкендија, Енур Тотре е оптимист и смета дека со ангажирана игра ќе можат да се справат со Ерменците.

-Се пласиравме на ЕП, тоа го остваривме, секој натпревар е важен и го цениме. Знаеме за Ерменија за тимот, но за нас најважно е да ги спроведеме на дело задачите од стручниот штаб. Имаме многу промени, многу играчи недостасуваат, но јас верувам дека ќе го дадеме максимумот тие што сме тука. Важно е да бидеме први во оваа група, која носи пласман во Б сегментот, -порача Тотре.

Средбата Ерменија-Македонија е закажана за в среда од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни