Поврзете се со нас

Европски првенства

Мицевска: Срцето ни се наполни кога ја видовме публиката, ќе одиграме двапати подобро на следните натпревари

Објавено

на

Македонската женска репрезентација го загуби првиот меч на Европското првенство и тоа од фаворизираната Франција која славеше во Скопје со 24-14.

Гостинките го искористија своето искуство и дојдоа до посакуваниот резултат, поточно уште во раната фаза дојдоа до предност од 5-0 која им донесе самодоверба, „лет“ за продолжението од средбата. Нашите репрезентативки се бореа, се обидуваа да му парираат на противникот, па токму таа нив упорност може да им донесе нешто плус на преостанатите мечеви.

-Еуфорично влеговме во првите 15 минути. Беше изненадувачки за нас што салата беше исполнета, срцето ни се наполни, не верувам дека бевме во грч.

-Системот во кој се работи во Франција е многу подобар од нашиот, нивните играчи играат во силни лиги, ЛШ. Многу ни значи аплаузот по крајот на натпреварот, тоа е ветар во грб, поддршка, мотив и се надеваме дека во наредната два натпревари нема да ги разочараме и ќе одиграме барем двапати подобро од ова денеска, -истакна Јована Мицевска.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни