Миа Крстевска и Стефан Цветковски со нови рекорди на митингот во Белград

stefan cvetkovski pk beta

Традиционалниот пливачки митинг „11 април“ во Белград за помладите македонски пливачи донесе два рекорди.

Миа Крстевска на 200 метри грбно исплива со време од 2 минути, 21 секунда и 33 стотинки, со што освои златен медал во трката и постави нов државен рекорд, кој во бодови според таблиците на ФИНА е изразен со 676 бода. Претходно во квалификациите таа го собори рекордот (2:21.81), а во финалето го подобри речиси за половина секунда.

Стефан Цветкоски на 50 метри пеперутка го подобри рекородот во кадетска конкуренција, кој сега изнесува 28 секунди и 18 стотинки, освојувајќи бронзен медал и 504 бодови според ФИНА таблиците.

Facebook Коментари