Поврзете се со нас

Италија

Мхитарјан за проблемот на Интер: Не знаеме што се случува на големите натпревари…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Интер претрпе пораз од Јувентус од 1-0 во големото италијанско дерби и со тоа пропушти можност да го симне Наполи од врвот на табелата во Серија А.

„Нероаѕурите“ имаа свои шанси во Торино и тоа во првиот дел, но не искористија ниту една за да по паузата не го задржат ритамот, домаќинот ги надигра и успее на крајот на слави со голот на Консеисао.

-Не ги искористивме нашите шанси во првото полувреме. По паузата, не почнавме добро, потрошивме премногу, но тоа е фудбалот, -истакна Хенрик Мхитарјан кој призна дека Интер има проблем во големите натпревари и потврда за тоа се скромните освоени 1,3 поени во просек против топ осум екипите во Калчото.

-Тешко е да се објасни. Не знаеме што се случува оваа година. Се мачиме против големите тимови, но работиме да победиме во натпреварите пред нас. Нашите цели никогаш не се менуваат, дури и во текот на сезоната. Секогаш се бориме да освојуваме трофеи. Само затоа што не победивме на еден натпревар не значи дека не сме фаворити, -порача искусниот Ерменец.

Актуелниот првак има два бода помалку од лидерот Наполи, во следното коло ја пречекува Џенова.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни