Поврзете се со нас

Италија

Мхитарјан: Постои само еден начин да го освоиме Скудетото

Објавено

на

foto: x.com/Inter_en

Интер на доминантен начин го освои лигашкиот трофеј во Калчото со што дојде до 20. пехар и втора ѕвездичка на своите дресови.

Меѓутоа времето минува, веќе доаѓа нова кампања во која екипата мора да покаже дека вреди, знае и умее да остане на врвот што понекогаш е потешко и тоа многу добро го знае искусниот Хенрик Мхитарјан.

-Мора да ги правиме добро работите добро и да работиме добро, дури и ако многу играчи доаѓаат во различни моменти. Сите даваат се од себе за да влезат во форма и на најдобар можен начин да ја започнат новата сезона. Никој не сака да биде оставен зад себе.

-Ние сме Интер и нашата цел е да освојуваме трофеи. Ќе работиме повторно да го освоиме Скудетото. Генерално, сакаме да направиме повеќе од минатата сезона. Така, целта е да одиме уште подалеку во Лигата на шампионите. Потоа го имаме Светското клупско првенство. Сега е далеку, но фасцинантно е да се размислува за тоа, -вели Ерменецот и додава:

-Потпишавме тројца нови играчи. Тареми, Зиелински и Мартинез ќе ни помагаат во текот на целата сезона. Нашата сила е што сме тим во кој секој има шанса да игра. Ако си помогнеме еден на друг, можеме да победиме. Ние не сме деца, нема да ги загубиме главите. Знаеме дека минатата сезона ја освоивме втората ѕвезда, но се уште не сме задоволни. Ќе биде потешко бидејќи притисокот ќе биде поголем. Сите очи ќе бидат вперени во нас. Нашите противници потпишуваат силни играчи за да ја пополнат празнината.

-Тренерот инсистира дека мора да бидеме подготвени за битка и дека без напорна работа нема да одиме никаде. Ние сме тука. Тој е во право, нема друг начин да го освоиме Скудетото и имаме висока мотивација, -порача искусниот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни