Мхитаријан: Му докажав на Ибра кој е вистинскиот Бог!

miki-ibra

Златан Ибрахимовиќ честопати се наоѓа во фокусот на јавност поради тоа што самиот себе се нарекува „лав“ или „Бог“, а ваквите прекари кои секогаш ги дава за некоја компарација во која се прави себеси поголем од сите, најчесто предизвикуваат голема смеа меѓу фудбалските фанови.

Шведскиот напаѓач е познат по својот цврст карактер и неверојатна харизма, а колку и да изгледа самобендисан на моменти, повеќе од јасно е дека Ибрахимовиќ сите тие саркатстични изјави ги дава со шеговит тон за да направи фудбалско шоу и да ги насмее фановите.

Јасно е дека има и такви луѓе кои не можат да го прифатат карактерот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, нешто за што сега одлучи да зборува и неговиот соиграч Хенрик Мхитаријан кој инаку вели дека има фантастичен однос со Ибра.

– Златан има навистина цврст карактер и знам дека многу луѓе не се согласуваат со него. Некои луѓе не можат да ги сфатат неговите шеги или начинот на кој се обраќа. Но, јас имам фантастичен однос со него од првиот момент. Бевме во близок контакт дури и кога не беше во близина на Манчестер додека се опоравуваше од повредата. Сите заете дека Ибрахимовиќ самиот себе се нарекува Бог. Но кога минатата сезона слетавме во Ростов, му порачав. Сега ќе видиш кое е Бог. Имаше многу Ерменци кои го скандираа моето име и во тој момент му докажав на Ибра дека јас сум Бог, – низ смеа порачува Мхитаријан во изјава за националното радио на Ерменија.

Facebook Коментари