Поврзете се со нас

Свет

Метју Божиновски има нов клуб во Австралија (ФОТО)

Објавено

на

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Метју Божиновски го промени клубот за кој ќе настапува во новата сезона во Австралија.

Дефанзивецот неодамна потпиша двегодишен договор со Мелбунг Виктори, но тој нема тука да остане и ќе оди на позајмица во  Велингтон Феникс. Тој во новата средина ќе го носи дресот со бројот три и веќе со нетрпение ги очекува предизвиците во најсилната фудбалска конкуренција.

-Навистина сум возбуден што ќе започнам, отсекогаш ми беше сон да играм во А-лигата и да бидам професионален фудбалер, така што ова е горд момент за мене и целото мое семејство. Ја следам А-лигата во најголем дел од мојот живот, така што знам дека Феникс е голем клуб со одлични навивачи-имаше многу добри играчи таму и тие имаа успех во последните години.

-Навистина се радувам да ги запознаам сите момци. Од она што го видов и слушнав, тие се одлична група и сакаат да победуваат, а Уфук е неверојатен тренер, па со нетрпение очекувам да учам под него, -рече Божиновски кој заедно со Стефан Чолаковски не му беа на располагање на селекторот Драган Канатларовски во овој октомврски квалификациски „прозорец“, а причината за тоа се протоколите за ковид-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни