Поврзете се со нас

Европски купови

Металург заслужено до реми против Адемар Леон

Објавено

на

blank

Ракометарите на Металург го завршија настапот во групната фаза на Лига Европа со реми против шпански Адемар Леон (27:27), во натпревар во кој во најголем дел имаше резултатска предност.

Македонскиот претставник водеше од почетокот до 54. минута, на полувреме резултатот беше 16:13, во вториот дел Адемар Леон ја одржуваше неизвесноста, а направи пресврт во последните 5-6 минути од средбата.

На четириесетина секунди до крајот, Адемар Леон имаше плус два, Металург набрзина реализираше, а потоа не прими гол, па му останаа десетина секунди за по тајм-аутот да стигне до реми.

blank

Акцијата заврши со погодок на Калуѓеровиќ, па на крајот домаќините се изборија за заслужен бод во дуелот со реномираниот шпански клуб.

Серафимов со 7 и Калуѓеровиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на Металург, добар натпревар имаше и голманот Дупјачанец со 12 одбрани, додека кај Адемар, Перез Арсе реализираше 7 голови.

Металург го заврши настапот со две ремија, една победа добиена со службен резултат и седум порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни