Поврзете се со нас

Европски купови

Металург загуби во Винковци, но го продолжува настапот во ЛЕ

Објавено

на

Ракометарите на Металург претрпеа пораз од Спачва од 29-25 во реваншот од првото квалификациско коло во Лига Европа, но и покрај негативниот резултат клубот од Автокоманда ќе го продолжи настапот во ова натпреварување благодарение за победата во Скопје (35-28).

Металурзите на вечерашната средба во Винковци не го потврдија статусот на фаворити, особено во вториот дел во кој домаќинот ги надигра со 15-11 и со тоа си овозможи славје на пресметката.

Канкараш и Мариќ со по пет голови се издвоија на листата на стрелци кај македонскиот претставник, додека пак кај Спачва блескаше Над со 9 погодоци од исто толку обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни