Поврзете се со нас

Европски купови

Металург се избори за сигурна победа против Спачва

Објавено

на

Ракометарите на Металург остварија победа од седум голови разлика (35-28) во пресметката со Спачва во првиот натпревар од квалификациите за групната фаза во Лига Европа.

Металурзите не дозволија никакво изненадување во Автокоманда и го надиграа противникот во двете полувремиња и ќе имаат плус седум за реваншот во Хрватска закажан за 5 септември во Винковци.

Избраниците на Кастратовиќ беа поубедливи во првите 30 минути во кои создадоа позитива од 17-12, предност која дополнително ја зголемија во продолжението од средбата. Поповиќ беше автор на 6 погодоци, додека по пет дадоа Тарабокија, Лазаревски и Хорват.

Кај гостите Бунтиќ и Вигњевиќ беа автори на вкупно 12 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни