Поврзете се со нас

Европски купови

Металург преку драма до место во групната фаза на ЛЕ

Објавено

на

Ракометарите на Металург успеаа да изборат пласман во групната фаза на Лигата на Европа што значи Македонија ќе има двајца претставници во главниот дел на второто по ранг европско клупско натпреварување.

Вечерва Металург загуби на гостувањето кај Криенс со 22-21, но ова беше резултат што им одговори што ги води до целта со оглед на тоа што во Скопје победија со 26-24. Средбата во Цирих беше неизвесна, драматична до последната секунда, ама нашиот претставник излезе како победник од истата и заедно со Еурофарм Пелиестер ќе не претставува во групите во ЛЕ.

Криенс го реши првиот дел со 12-11, а вака тесно продожи да биде и во продолжението во кои решаваа нијанси кои овојпат беа на страна на клубот од Автокоманда.

Гаврановиќ со 6 гола беше прв стрелец кај домаќините, додека Канкараш со 5 ја предводеше листата на стрелци кај Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни