Металург потклекна кога најмалку требаше и испушти втора победа во низа во СЕХА

Metalurg-Jovic

Металург пред пет дена ја оствари четвртата победа во СЕХА лигата со триумфот на Динамо од Панчево, а оваа вечер пропушти шанса да стигне до петти значаен резултат во регионалното натпреварување на гостувањето кај Нексе.

Младите „металурзи“ одновно се покажаа во одлично светло и максимално му парираа на противникот, а вистинска штета е што повторно до израз дојде неискуството кое е најголем причинител за испуштената победа на гостувањето. Металург имаше водство од три разлика на пет минути пред крајот и беше во одлична позиција да оствари втора победа во низа, но сепак предноста од 28:31 беше стопена со брзоплета игра и црната серија во најлошо време.

Нексе успеа да се избори за реми и го расипа славјето на нашиот претставник во СЕХА лигата, но сепак не можеше да ја избрише новата брилијантна партија на Јагањац кој по симултанката против Динамо и вечерва имаше блескаво издание со девет постигнати гола. Следен беше од Пешевски кој постигна пет погодоци, а лош ден имаа и двајцата голмании на Металург, Томовски и Даниловски.

Facebook Коментари