Металург со пораз во Лисабон ја заврши приказната во ЛШ

Metalurg-Sporting1

Македонскиот вицешампион Металург со пораз на гостувањето кај Спортинг во Лисабон ја заврши овогодинешната приказна во Лигата на шампиони.

Во меч со доста осцилации од двата состави подобар на крајот беше португалскиот претставник кој се радуваше со 31-27. Првите 30 минути му припаднаа на клубот од Автокоманда со 15-12, ама продолжението донесе сосема поинаков тек во кој Спортинг беше подобар, поефикасен на теренот и успеа да го запише резултатот кој го посакуваше.

Илиќ со 6 гола беше најпрецизен кај „металурзите“, a pak искусниот Руесга Пасарин на другата страна даде 7 погодоци.

Металург во десетте мечеви во групата Д забележа само две победи, едно реми и седум порази.

Facebook Коментари