Металург со победа над Партизан го затвори турнирот во Кањижа

metalurg

Ракометарите на Металург го победија Партизан со 28:23 и го освоија третото место на турнирот во Кањижа.

„Металурзите“ во изминативе неколку дена загубија од Рамат Хашрон и Нексе, но денеска поранешниот македонски шампион се поправи и издвојува триумф над српскиот преставник, триумф во кој голманот Пеџа Мијатовиќ прокнижи 10 одбрани, а пак најдобар стрелец беше Мице Шилегов со седум постигнати голови.

Металург од Кањижа ќе замине вечерва и ќе преспие во Лесковац, каде утре, со почеток во 17.30 часот, ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Дубочица.

Facebook Коментари