Металург и вторпат надигран од шпанска Малага

malaga-metaurg

Ракометарките на Металург загубија и на вториот меч против Ринкон Фертилидад Малага во рамките на третото коло  на Челинџ-купот.

Пред два дена шпанскиот состав славеше со 31:14, а пак денеска беше уште поубедлив и го потврди пласманот во следната рунда со 37-14. Во двата периоди нашиот претставник даде по седум голови,  а противникот по 18, односно 19 погодоци.

Калајџиевска со 4 погодоци беше најдобра кај Металург, додека кај Малага најмногу се истакна Вељковиќ со 10 голови.

Facebook Коментари