Металург падна во второто полувреме, Спортинг ги освои бодовите во Скопје

tankoski

Македонскиот ракометен вицешампион Металург го доживеа шестиот пораз на седмиот сезонски натпревар во Лигата на шампионите.

Клубот од Автокоманда овојпат беше совладан пред своите гледачи од искусниот состав на Спортинг со 31-24. Четата на Данило Брестовац повторно одигра одлично прво полувреме во кое го надигра фаворизираниот противник (18-17), меѓутоа по 40 минута комплетно падна, тоа го искористија гостите од Португалија кои ги корситеа сите грешки и шанси, односно дојдоа до зацртаната цел.

Голманот Томовски со 16 одбрани беше најдобар поединец кај „металурзите“ за кои 5 гола постигна крилото Димитриоски. Валдез и Руезга дадоа по 5 гола за Спортинг, додека пак Скок имаше 16 интервенции.

Facebook Коментари