Поврзете се со нас

Европски купови

Металург немоќен против Чеховски Медведи

Објавено

на

Ракометарите на Металург претрпеа убедлив пораз од Чеховски Медведи од 40-27 на вечерашното гостување во Русија во рамките на групната фаза на Лигата на Европа.

Нашиот претставник поради заразени од коронавирус и повреди имаше на располагање само 11 ракометари, па во таква ситуација тренерот Оливер Димитриоски се обиде да го извади максимумот од оние кои беа подготвени, ама тоа не беше доволно да се направи изненадување и дојде до позитивен резултат.

Уште во првиот дел „мечките“ дојдоа до плус 11 (22-11), предност која ја потврдија и надградија во вторите 30 минути.

Хорват, Поповиќ и Рниќ постигнаа по шест погодоци за Металург, Котов и Ермаков пак за домаќините дадоа по осум голови.

Ова за Металург беше трет пораз во четвртиот натпревар во Лигата на Европа со што е на последната позиција во А групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни