Поврзете се со нас

Европски купови

Металург немоќен против Адемар Леон

Објавено

на

blank

Ракометарите на Металург претрпеа пораз од Адемар Леон од 41-32 во вечерашната средба од ЕХФ Лигата на Европа.

„Металурзите“ имаа долг пат за да стигнат во Шпанија и го одиграат овој натпревар, а тоа дефинитивно влијаеше во играта која не беше на посакуваното ниво. Домаќините уште по првиот дел дојдоа до плус седум (20-13) за да во второто полувреме во одреден момент имаат позитива и од 14 голови, но во продолжението го намалија темпото и тоа го искористи клубот од Автокоманда за да се избори за подостоинствен пораз.

Поповиќ со 8 гола и Хорват со 6 беа први стрелци кај Металург, кај победникот Марчан Криадо беше автор на 8 погодоци.

Металург има два порази по два натпревари, следен дуел е против Аон Фиверс од Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни