Металург надигран од Татран во Прешов

metalurg-presov

Ракометарите на Металург на гостувањето во Прешов кај Татран го претрпеа десеттиот сезонски пораз во СЕХА регионалната лига.

Македонскиот вицешампион беше послаб противник и беше надигран во двете полувремиња (12-8, 15-11) за конечни на крајот 27-19.  Домашниот состав имаше повеќе расположени играчи, голманот Чуприна забележа 11 одбрани, Хрстка даде 6 голови, а по пет пати стрелаа Буторац и Чип.

Листата на стрелци во клубот од Автокоманда ја предводеа Кузмановски и Токиќ со по четири голови. Последниот меч во на натпреварување за оваа сезона Металург ќе го одигра на домашен терен против Целје.

 

Facebook Коментари