Поврзете се со нас

Македонија

Металург му врачи отказ на Димитриоски по безидејното издание против Тинекс Пролет

Објавено

на

Тинекс Пролет го приреди првото големо изненадување на стартот на плејоф фазата во македонската Суперлига, откако сосема заслужено славеше над еден од главните фаворити за највисок пласман.

Металург загуби со 29:26 и лошата форма од Лигата на Европа продолжи и во домашниот шампионат, што експресно го натера раководството да изрежира нова смена на тренерската позиција.

Средбата против Тинекс Пролет се покажа како последна за Оливер Димитриоски, кој брзо заработи отказно решение по неуспехот на неговиот тим во Суперлигата.

– Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски.

– Во следните неколку дена ќе се донесе одлука кој ќе го води тимот во плејоф-натпреварите на македонската Суперлига, – гласи соопштението на Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни