Металург ја доби „братската пресметка“ во Автокоманда

metalurg

Ракометарите на Металург славеа над Металург 2  со 37-30 во првиот меч од новата сезона во Суперлигата.

Металург важеше за фаворит во пресметката со колегите од вториот тим, а тоа го оправда на теренот во Автокоманда. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија веќе во првиот дел изгради предност од осум голови (20-12) за да продолжението рутински го одработи за први бодови во новата сезона.

Поповиќ со 8 и Кофиловски со 10 голови беа најефиканси на натпреварот.

Facebook Коментари