Поврзете се со нас

Македонија

Металург ја декласираше Струга и си обезбеди место во малото финале

Објавено

на

По стартниот пораз во дербито со Еурофарм Пелистер, повеќе од очекувано беше Металург да ја покаже класата на преостанатите два меча, па така денеска си ја загарантира борбата за третото место на турнирот во Струга.

Избраниците на Зоран Кастратовиќ вчера уверливо го надиграа Прилеп, а денеска немаа проблем ниту против домаќинот Струга над кого славеа со 35:24.

Разликата во квалитет беше евидентна уште од самиот старт и само прашање беше со колку разлика ќе слави тимот од Автокоманда, па и покрај огромниот број на калкулации и ротации во тимот, Металург стигна до предност од 11 гола.

Со вториот триумф во неполни 24 часа, Металург си го обезбеди второто место во групата, па в недела ќе игра во натпреварот за третото место на традиционалниот струшки турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни