Поврзете се со нас

Европски купови

Металург и Пелистер ја дознаа својата „стартна позиција“ пред утрешната ждрепка во Виена

Објавено

на

Оваа година Вардар е единствен македонски претсавник во Лигата на шампионите како се уште актуелен првак на стариот континент, но затоа нашата земја има два претставника во Лигата на Европа откако Метарлуг на драматичен начин го мина баражот.

Второто по ранг натпреварување во Европа денеска ги објави шеширите во пресрет на ждрепката која ќе се одржи утре, во која Еурофарм Пелистер ќе чека противник од третиот, а Металург од шестиот шешир.

Ждрепката ќе биде полудириригана и тоа значи дека тимови од иста земја не можат да се најдат во една група, па јасно е дека Пелистер и Металург нема да имаат пресметки во групната фаза.

Извлекувањето ќе се одржи утре препладне во Виена во 11:00 часот.

Шешир 1: Адемар Леон, Ним, Магдебург и Татабања

Шешир 2: Висла Плок, Динамо Букурешт, Шафхаузен и Алингсас

Шешир 3: Еурофарм Пелистер, Чеховски Медведи, Татран Прешов и Бешикташ

Шешир 4: Тулуз, Монпелје, Фуксе Берлин и Рајн Некар Левен

Шешир 5: Фиверс, Нексе, ГОГ и Спортинг Лисабон

Шешир 6: Металург, Тримо Требиње, Кристијанштад и ЦСКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни