Поврзете се со нас

Европски купови

Металург и Криенс го решија прашањето околу меѓусебните средби

Објавено

на

Екипата на Металург го доби за противник швајцарски Криенс во второто квалификациско коло во Лига Европа, но веднаш се оствори дилема, прашање дали ќе може нормално да се одигра овој двобој по системот дома-гости.

Причината за тоа се строгите ковид-протоколи во Швајцарија и фактот што Македонија е на  црната листа и се бара обврзувачки карантин, па постоеше можност да се игра еден меч на неутрален терен.

Сепак тоа нема да се случи, поточно претседатели на двата клуба во комуникација со владите на Македонија и Швајцарија ги решија сите проблеми што значи натпреварите ќе се одиграт според планираното без карантин за клубови.

Првата средба е закажана за во Скопје на 22 септември, додека реваншот во Швајцарија ќе се игра на 29 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни