Металург го потврди ангажманот на Кастратовиќ

metalurg

Македонскиот ракометен прволигаш, Металург и официјално го потврди ангажманот на Зоран Кастратовиќ.

Кастратовиќ доаѓа на ова место Дамир Стојановиќ кој беше отпуштен поради лошите резултати. Станува збор за стратег со големо искуство и минат труд кој во својата кариера има неколку ангажмани во Македонија, а има работено во Црна Гора, Иран и Катар.

Неговата прва значајна задача ќе биде да го однесе Металург во групната фаза на ЕХФ Купот.

Facebook Коментари