Поврзете се со нас

Македонија

Металург го надигра Охрид и се утеши со победа во малото финале

Објавено

на

Металург со еден пораз го заврши традиционалниот ракометен турнир во Струга кој се одигра оваа година, оној од Еурофарм Пелистер уште во првата рунда кој се покажа како пресуден да се бората за третото место.

Тимот од Автокоманда вечерва беше дел од натпреварот за третото место, па иако избраниците на Кастратовиќ не беа најуверливи на стартот, во продолжение успеаја да се консолидираат и со утешија со победа во малото финале.

Охрид тргна максимално амбициозно на почетокот и изненадувачки поведе со 5:1, но Металург брзо успеа да се прибере и веќе на полувремето имаше позитива од два гола.

Водството од 15:13 по 30 минути игра беше добра препорака за одржување на водството во вториот дел, па на крајот Металург славеше со 31:26 за триумф во натпреварот за третото место.

Следно на програмата е големото финале во Струга, во кое силите ќе ги одмерат Вардар и Еурофарм Пелистер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни