Поврзете се со нас

Македонија

Металург фуриозно стигна до втора победа во 24 часа

Објавено

на

Металург стигна и до третата победа во македонската Суперлига, а оваа беше втора во период од 24 часа по онаа вчера над Прилеп.

За разлика од вчера кога брилјираше главната ѕвезда Златко Хорват, денеска тренерот Кастратовиќ одлучи да одмори голем дел од најдобрите играчи, но и со речиси втор тим разликата во квалитет беше евидентна.

Тиквеш во ниту еден момент не претставуавше закана за тимот од Автокоманда, а најдобра отслика за тоа е конечниот резултат од 36:24.

Првото полувреме заврши со 21:13 и уште тогаш беше јасно дека Металург ќе продолжи со перфектната серија на стартот на сезоната, па така вториот дел беше само рутина за домаќинот.

Денеска најдобар ракометар во редовите на Металург беше Мице Шилегов со девет погодоци, а по четири постигнаа Кондев, Додиќ и Рниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни