Поврзете се со нас

Европски купови

Металург двете средби против Чеховски Медведи ќе ги игра во Русија

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Металург двата меча од групната фаза на Лига Европа против составот на Чеховски Медведи ќе ги одигра во Русија.

Двата клуба во координација со ЕХФ одлучија двата натпревари да се одиграат во Чехово се со цел да се избегнат дополнителни трошоци и евентуални нови одложувања. Средбата која требаше да се одигра во Скопје на 1 декември беше одложена затоа што рускиот тим е во карантин откако се појавија позитивни случаи на коронавирус.

Токму ова беше една од причините двата клуба да одлучат двете меѓусебни средби да се одиграат на едно место, па така истите ќе бидат одиграни на 8 и 11 декември во салата “Олимписки“.

Публика нема да има, а истите ќе започнат во терминот од 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни