Поврзете се со нас

Македонија

Металург долго одолеваше, но вечерва ги пријави првите два случаи на Ковид 19 (Фото)

Објавено

на

Рестартот на македонската ракометна Суперлига е крајно неизвесен, откако од ден во ден расте бројот на заразени ракометари во различни клубови.

По последните пријави за позитивни играчи на Ковид 19 во Еурофарм Пелистер 2 и во Пролет, вечерва со свое соопштение се јави и Металург, клубот од Автокоманда кој сепак не остана имун на коронавирусот на кого досега долго му одолеваше.

– РК Металург до денес успеваше да се заштити од Ковид 19 и искрено бев среќна поради тоа. Сведоци сме дека последните денови вирусот нападна преголем дел од населението, како и ракометните клубови. Исклучок не е ни Металург. Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб.

– И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена. Им посакувам брзо оздравување. Сите други се тестирани и се негативни. Најодговорно тврдам дека сите мерки за заштита беа запазени, а играчите, стручниот штаб, како и управата максимално се придржуваа на препораките, – изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

И покрај двата позитивни теста, протоколот вели дека Металург може да отпатува во Франција, каде во вторник ќе го одигра првиот натпревар во групната фаза на Лига Европа против екипата на Тулуз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни