Поврзете се со нас

Македонија

„Металците“ останаа без главниот плејмејкер: Американецот Вер си замина од МЗТ Скопје

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје остана без еден од главните играчи во оваа сезона, плејмејкерот Дастин Вер.

Искусниот Американец и клубот до Аеродром си подадоа рака за спогодбен раскин на договорот. Со ова само се потврдија информациите кои кружеа овие денови дека постои одредено незадоволство кај Вер и желба да си замине од Скопје, односно да се пресели во друга средина која според специјализираниот сајт за кошарка „Спортандо“ ќе биде Шалон Ремс од Франција.

Инаку Вер имаше одлични партии за „штроковите“ во АБА2 лигата каде просекот му беше 16,7 поени со 6,9 асистенции, додека во домашниот шампионат беше далеку потивок и имаше 9,7 поени со 6,4 асистенции.

Од МЗТ соопштија дека веќе се во потрага по наследник на Дастин, па дури и дека бараат подобар играч кој ќе игра на подеднако ниво како во АБА лигата така и на домашната сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни