Македонија
„Металците“ можат да здивнат: Повредата на Кук не е сериозна

МЗТ Скопје Аеродром вчера претрпе болен пораз од Партизан на гостувањето во Белград, кое нема да се памети по добро поради резултатот, но и поради повредата на новото засилување.
Кеандре Кук мораше да го напушти теренот после само пет минути игра, а иако првичните прогнози од Србија не беа воопшто добри, денеска деталните прегледи во Скопје донеле далеку подобра вест.
– Првичните прогнози по прегледите во болница во Белград беа дека има скинат лигамент поради што би морал да отсуствува најмалку еден месец. Но, денешната детална проверка во болницата „Систина“, која е наш долгогодишен пријател и спонзор, покажа дека повредата и не е толку сериозна.
– Проценките на лекарскиот тим на клубот, поткрепени од извештаите на докторите од „Систина“ кои го прегледаа Кук, велат дека тој би бил надвор од тимот најмногу две недели. Тоа значи дека по неколку дена би можел да почне со лесни тренинзи, поради што се надеваме дека би бил подготвен да им помогне на соиграчите веќе на гостувањето кај Студентски центар, закажано за 28 јануари во Подгорица.
– Нашиот тим уште вечерва им се враќа на тренинзите, со оглед што утре го почнуваме вториот дел од првенството во домашната Прва лига и тоа на домашен терен против ТФТ (19.30 часот), – гласи објавата на МЗТ.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 19 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 24 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час