„Металците“ го потврдија настапот во јадранското друштво: МЗТ и во наредната сезона ќе биде дел од АБА2 лигата

mzt

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје и во наредната сезона ќе биде дел од АБА2 лигата. Управата на клубот од Аеродром ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција, па така и во натпреварувачката 2019/2020 ќе проба да се врати во елитното друштво.

Да потсетиме, МЗТ во изминатава сезона беше многу блиску до кам-бек во АБА лигата, но ги испушти двете шанси, прво загуби од Сикст Приморска за да потоа во една вистинска драма биде поразе од хрватски Задар.

Од таборот на „штрковите“ порачаа дека ќе направат се што треба, ќе дадат се од себе за да направат исчекор понапред во однос на минатава кампања или тоа би значало враќање во  јадранската елита.

Facebook Коментари