Поврзете се со нас

Свет

Местенка за влез во Бундеслигата: Бркаа гол разлика, па дадоа дури девет погодоци во последното коло (Видео)

Објавено

на

Последното коло во фудбалката втора лига во Австрија се претвори во вистински циркус, бидејќи двата тима кои се бореа за првото место на табелата и за директен влез во Бундеслигата, остварија нереални победи.

Ситуацијата пред последното коло беше следна: Рид и Клагенфурт имаа по 61 бод, но со оглед на тоа што се очекуваа победи и на двата тима, беше јасно дека ќе решава гол разликата.

Клагенфурт го доби својот меч против Инсбрук со 6:1, додека Рид со неверојатна победа од 9:0 на крајот си обезбеди подобра гол разлика и пласман во Бундеслигата во Австрија.

Рид го победи Флоридсдорфер со 9:0, но трите последни погодоци беа навистина сомнителни и огромен дел од јавноста веќе зборува за голема местенка.

Клагенфурт веќе испрати официјална жалба за намерно пуштање од страна на противничкиот тим, па се очекува во наредните неколку денови да добие одговор од страна на Фудбалската Федерација на Австрија која ќе мора да го разгледа овој случај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни