Поврзете се со нас

Свет

Месина се откажа од Димитријевиќ, сега сака да донесе друг македонски репрезентативец

Објавено

на

Фото: https://x.com/OlimpiaMI1936

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти составот на Олимпија Милано на крајот на оваа сезона и тоа само по една година мината во составот на италијанскиот прволигаш.

Димитријевиќ не е во плановите на тренерот Еторе Месина и тоа се виде на последниот натпревар во Евролигата каде воопшто не му даде шанса на нашиот ас,односно не се најде во составот за пресметката со Басконија.

Месина го прецрта Димитријевиќ, Македонецот ја завршува епизодата во Милано

Тоа Месина го објасни со тренерска одлука, меѓутоа јасно е дека нешто не функционира и дека има одреден проблем кој ќе биде решен со разделба.

Меѓутоа трофејниот Италијанец сака во наредната кампања одново да има македонски репрезентативец и тоа е Ти-Џеј Шортс.

Шортс блеска во Париз, има одлични бројки и во Евролигата каде е во групата на кандидати за МВП и тоа го прави интересен за клубот од Милано.

Наводно Шортс би бил играчот на кој би се градел новиот систем, екипата, ама останува да се види дали Милано ќе успеаа да го добие потписот на плејмејкерот кој е интересен и за други тимови како што е Барселона која би можеле да ги спои Ти-Џеј и тренерот Тиаго Сплитер кои сега се во Париз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни