Поврзете се со нас

Евролига

Месина не штедеше комплименти за Димитријевиќ: Заслужи да биде МВП

Објавено

на

Фото: https://x.com/OlimpiaMI1936

Олимпија Милано го освои италијанскиот Суперкуп како одлична најава за претстојната сезона во националното првенство и Евролигата, а нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше меѓу најзаслужните за двете победи на мини турнирот.

Димитријевиќ кој дојде од редовите на Уникс успеа да освои МВП признание уште на првиот натпреварувачки турнир на кој настапи со својот нов клуб, а тренерот Еторе Месина ги коментирал неговите први два настапи.

– Мислам дека двете сезони поминати во Казањ и соработката која ја имаше со одличен тренер како Перасовиќ, го направија позрел играч.

– Заслужено му припадна МВП признанието, но според мене, тој може да игра уште подобро откако ќе се адаптира и повеќе ќе ги користи соиграчите на теренот.

– Кога ги ангажиравме него и Леандро (Болмаро) јасно им посочив на двајцата дека ќе треба да се надополнуваат, односно планирам да играат двајцата во исто време, а така беше на овие два натпревара, – рекол Месина.

Димитријевиќ беше најефикасен со 14 поени во полуфиналето, додека во финалето против Виртус Болоња, со поголема минутажа реализираше 16 поени, заедно со 6 асистенции и 5 скокови, статистика со која ја заслужи и МВП наградата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни