Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Месиас со посебна посвета: Останувам понизен, не заборавам од каде дојдов!

Објавено

на

Жуниор Месиас имаше ѕвездена ноќ во Европа, бидејќи на своето деби во Лигата на шампионите, успеа да постигне клучен гол на „Ванда Метрополитано“ со кој го остави Милан во живот за пласман во нокаут фазата.

Бразилецот има интересна и неверојатна приказна и станува збор за убава фудбалска бајка, бидејќи до пред три години играше во аматерски лиги и испорачуваше машини за парење, а вчера се претвори во херој на италијанскиот великан со голот кој го нокаутираше Атлетико Мадрид на негов терен (0:1).

– Навистина сум пресреќе за перформансите и победата на тимот. Ова значи дека се уште сме живи и дека имаме шанси, иако има уште многу работа до крајот.

– Го следев инстинктот, влегов во шеснаесетникот и ја испратив акцијата до крај. Кога сте смирен во вакви ситуации, работите излегуваат како што сте замислиле. Ова е најважен момент во мојата кариера, но останувам понизен, тоа е најважно, не заборавам од каде дојдов.

– Овој гол им го посветувам на сите оние кои веруваа во мене и во најтешките моменти, – вели Месиас кој дебитираше во Лигата на шампионите и воопшто во европскиот фудбал на 30 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни