Поврзете се со нас

Франција

Меси: Закрепнувањето траеше подолго од очекуваното, но…

Објавено

на

Екс фудбалерот на Барселона и сегашен на Пари Сен Жермен, Лионел Меси се огласи во јавноста и посочи до каде е процесот на закрепкување откако го закачи коронавирусот во родната Аргентина.

Офанзивецот нема одиграно ниту еден натпревар за „светците“ скоро еден месец или поточно од 22 декември, меѓутоа е на добар пат да биде максимално фит и комплетно да му се стави на располагање на тренерот Маурисио Покетино.

-Како што знаете, имав КОВИД и сакав да ви се заблагодарам за сите пораки што ги добив и да ви кажам дека ми требаше подолго отколку што мислев да бидам добро, но скоро сум оздравен и навистина со нетрпение очекувам да се вратам на теренот.

-Тренирам овие денови за да бидам на 100 проценти, доаѓаат многу убави предизвици оваа година и се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно. Благодарам, -порача Лео на социјалните мрежи.

Меси сезонава има еден гол и четири асистенции во Лига 1, додека во Лигата на шмпионите даде пет погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни