Поврзете се со нас

Шпанија

Меси за жестоките битки со капитенот на Реал: Тој е играчот кој најмногу ме нервираше

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси се подготвува за нов настап на Копа Америка како лидер на аргентинскиот тим, но во најавата за јужноамериканскиот турнир, реши да одработи едно опуштено интервју со својот внук Томас Меси.

Аргентинскиот капитен одговораше на доста лични прашања во „јутјуб“ разговорот со својот роднина, меѓутоа не ја пропушти шансата да им одговори и на фановите кои го следеа преносот во живо.

Едно од најпоставуваните прашања беше она за најнепријатниот противник во неговата кариера, а Меси без многу размислување го избра поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

– Со Серхио Рамос постојано се тепавме на теренот. Тој беше играчот кој најмногу ме нервираше и ме вадеше од рамнотежа. Потоа станавме соиграчи, но на „Ел Класико“ пресметките секогаш се влечевме и се тепавме. Тие натпревари секогаш беа интензивни и бев подготвен за дуелите со Рамос, – вели Меси.

По низата битките кои ги имаа во Шпанија, Меси и Рамос станаа соиграчи во ПСЖ, но нивната заедничка етапа во француската престолнина не донесе многу успеси за клубот од „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни