Шпанија
Меси за својата лоша прогноза: Моето мислење се заснова на искуството, Сетиен ме разбра погрешно
Лионел Меси направи мега интервју за угледните каталонски весници „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, сето тоа како најдобра најава за позитивните вести кои пристигнуваат од Шпанија, односно реактивирањето на фудбалската лигата кое е закажано за месец јуни.
Аргентинската ѕвезда отворено и искрено говореше за различни теми, а интерсесно е што нагласи дека принудната и неочекувана пауза може да влијае позитивно врз тимот, бидејќи сега тој и неговите соиграчи ќе одработат еден вид на нови мини подготовки пред рестартот на натпреварувачка сезона.
Меси посочи дека Барса може да има бенефит од цела оваа неблагодарна ситуација, но не заборави да ја дообјасни и својата изјава со која крена голем прав пред да се парализира фудбалска Европа.
Лео нагласи дека Барселона нема шанси да ја освои Лигата на шампионите со играта која ја прикажуваше на првите натпревари со Сетиен, на што новиот тренер на каталонскиот гигант јавно излезе и посочи дека не се согласува со својот најдобар фудбалер кого неизмерно го почитува.
– Никогаш не сум се сомневал во составот кој го имаме и немам сомнеж дека можеме да освоиме се, но не на начинот на кој игравме пред паузата. Секој има свое мислење и секој став треба да се почитува. Моето мислење се заснова на тоа што имав среќа секоја година да играм во Лигата на шампионите и знам дека не е можно да ја освоиме титулата со пристап и игра каков што имавме. Сетиен ме разбра погрешно, – нагласи Лео.
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет24 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија24 часа
Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)