Свет
Меси за ривалството со Роналдо: Петнаесет години бевме на врвот…

Аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси дојде до уште едно големо признание во неговата кариера, најдобар светски фудбалер за минатава година, односно освои нова „Златна топка“.
Тој по осми рекорден пат ја освои оваа награда што најдобро говори за неговиот квалитет, конзистентност низ годинитте во кои имаше многу битки со Кристијано Роналдо. Сега двајцата тргнаа по други патишта, едниот е во САД, другиот во Саудиска Арабија, меѓутоа тоа нивно ривалство, надигрување, туркање за да бидат подобри дефинитивно ќе остане запаметено во светот на фудбалот.
-Тоа беше голема битка, од спортска гледна точка. Се храневме со ривалството меѓусебно бидејќи и двајцата сме големи натпреварувачи. И тој исто така, секогаш сакаше се да освои, цело време. Беше многу пријатно време за двајцата и за сите што го сакаат фудбалот.
-Мислам дека заслужуваме голема заслуга што успеавме да останеме на врвот толку долго. Бидејќи како што велат, лесно е да се стигне до таму. Она што е тешко е да се остане таму. И останавме на врвот десет, петнаесет години. Многу е тешко да се остане на тоа ниво и тоа е спектакуларно. И мислам дека останува добар спомен за сите оние кои не следеа, -истакна Лео за „Л’Екип“.
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 15 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Англијапред 8 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)